Охридскиот Амак СП со сопштение до нашата редакција реагираше  на последните случувања и најави жалба на казната на Богоев како и пријава на судиската тројка која беше делегирана на натпреварот Амак СП – Пелистер.

Во жалбата од клубот се вели :

 1. Казната на играчот на КК„АМАК СП“ Ефтим Богоев, поради приговор на судија на натпреварот во Скопје помеѓу ,,МЗТ,, и ,,АМАК СП,, е престрога и нереална. Истата е донесена без основ, без барање на писмена изјава од играчот или од службениот преставник на клубот, на крајно непрофесионален и сомнителен начин. Клубот нема добиено никакво писмено известување, за тоа по кој основ и член на дисциплинскиот правилник при КФМ казната е донесена и дадено одобрение за нејзино спроведување.

Клубот е известен само на ден пред натпреварот со „Пелистер“ и тоа телефонски во 5 до 12,  со што постојат сомнежи во целите и причините со кои истата е донесена.

По оваа казна, Клубот вложува жалба и бара истата да биде укината во делот на парична казна и биде предмет на разгледување на одредена судска комисија при КФМ, на која ќе биде земена во вид и изјавата на играчот Ефтим Богојев, а на која ќе присуствува и службен претставник на КК„АМАК СП“.

2. Клубот вложува жалба и пријава на судиската тројка Мицевски-Митровски-Павлов, која беше делегирана на натпреварот ККАМАК СП – ПЕЛИСТЕР  за крајно лошото судење и очигледните намери кои беа да се наштети на домашниот клуб, како и крајно некоректниот непрофесионален и Вулгарен однос на судијата Митровски спрема домашаната клупа и тренер. Делегатот на натпреварот на неколку пати беше известен за ваквиот провокативен однос на именуваниот судија, кој доведе до револт и нервоза помеѓу домашните играчи и управа.

КК АМАК СП – Охрид верува во непристрасноста на КФМ при разгледување на оваа жалба, и очекува истата да биде прифатена и во најкраток можен рок донесена одлука за укинување на казната на играчот Ефтим Богојев, како и поведување на дисциплинска постапка против судијата Игор Митровски.

Со почит,
КК „АМАК СП“ ОХРИД

ohridnews