Пред нов предизвик се “езерџиите“ кои во Билјанини вечерва ќе се исправат против гигантот во македонската кошарка Фершпед Работнички. Во серија од две победи по ред се охриѓани кои ќе го бранат домашниот терен кој во досегашниот дел од шампионатот е недопирлив.

–    Притисокот на овој натпревар ќе биде на нашите плеќи – вели за ohridnews  Игор Гацов тренерот на АМАК СП . На гости ни доаѓа Работнички и сите ние знаеме што тој претставува во македонската кошарка, но АМАК не би бил АМАК ако и на овај натпревар не одиме на победа.

Првиот натпревар  “шпедитерите“ го добија тесно  69-67 што само навестува интересна пресметка вечерва во салата Билјанини .


не знаат за пораз во “Билјанини“

–    Покажавме дека може да се носиме со сите екипи во шампионатот, последните две победи против Фени и МЗТ ќе создадат друга слика за нас кај нашите противници. Со подршка на публиката ќе се обидеме да триумфираме и да го  зацементираме третото место на табелата – завршува Гацов .

Натрпеварот започнува во 18.00 часот.

На останатите натпревари во 14 коло играат Струмица – Фени, Пелистер –  МЗТ и Соколи – Маврово. Слободна е екипата на Вардар.