Со три нови имиња во составот охридскиот Амак СП ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.
Центарското прашање охриѓани го затворија со 213 цм високиот Младен Гамбирожа. Повратник во екипата е Дејан Вегов кој дојде од Торус, додека новајлија е Иван Саздов од Соколи кој ќе биде втора опција на плејмејкерската позиција.
Управата на клубот им се заблагодари на услугите на четворица кошаркари и тоа Влатко Неделков, Александар Трајковски, Александар Стефаноски и Слободан Петровски.
Двојна доза на тренизи ќе практикува Лазоски во наредните десетина дена. Екипата ке се комплетира во вторник кога во Охрид ќе пристигне Џарид Фрај.