Во одбрана на домашниот паркет, во рамките на 10-тото коло од втората натпреварувачка фаза од првата лига АМАК СП го пречекува тимот на МЗТ ФОН. АМАК СП ја има најдолгата  позитивна серија сезонава од пет победи и се уште нема пораз во Билјнани во втората фаза.

МЗТ ФОН во Охрид доаѓа со негативна  серија од три порази. “Металците“  се еден од двата тима кои успеаа да го поразат АМАК СП во вториот дел од сезоната.

Охриѓани се во трка за третата позиција додека гостите од Аеродром го бркаат последното место кое води во разигрувањето. Размерот во меѓусебните дуели е 2:1 во корист на АМАК  СП.

АМАК СП – МЗТ ФОН    79-74
МЗТ ФОН – АМАК СП    90-96
МЗТ ФОН – АМАК-СП    77-66

АМАК СП – МЗТ ФОН (Охрид, сала “Билјанини Извори“ – 18.15 часот – МТВ преност)
Судии: Милојевиќ- Митровски- Терзиевски. Делегат: Ѓорѓи Пиперков.

Фени го совлада Вардар, во мислите АМАК СП

Лидерот во првенството Фени Индустри го совлада Вардар О. со 91:81 . Кавадарчани забележаа уште една победа со што се  зацврстија на првото место на табелата.

– На овој натпревар му пријдовме малку опуштено со причина што малку мислите ни беа насочени и накај Охрид. Опуштеноста им даде шанса на гостите, но ние ја засиливме одбраната и заслужено го добивме натпреварот. Cега сме во очекување на дуелот со Амак СП во сабота, каде, се надевам ќе одиграме поквалитетно од денес и ако победиме, а се сретнеме подоцна со нив во плејофот, ќе имаме предност од 1-0. – изјави Милан Прековиќ.

Струмица 2005 поднесе официјално барање до Комесарот за натпреварување на КФМ за одложување на утрешниот натпревар против Фершпед Работнички, поради тоа што седум кошаркари од првата екипа се болни од грип, и нема да бидат во можност да се опорават до утре.
– Според пропозициите за натпреварување, Комесарот нема ингеренции да одлага натпревар. Во ваква ситуација, единствена можност да дојде до одлагање е доколку двата клуба се договорат, натпреварот да биде одложен. – беше коментарот на Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски

Во последниот натпревар на колотона гостувањето во Скопје, Пелистер е фаворит во мечот со Соколи.