Единствениот саботен меч е оној во Струмица, каде охридскиот АМАК СП му гостува на шампионот Струмица.
Неизвесни и возбудливи мечеви одиграа овие две екипи во досегашниот дел од првенството, а посебно за издвојување беше оној последниот во 1/4 финалето на националниот куп кој Струмица го доби со 98-95.
ВО трите натпревари во кои ги одмерија силите, размерот е 2:1 за шампионот. Охриѓани покажаа дека достојно може да се носат со фаворитите па вечерва во струмичкиот “Парк“ не очекува интересен меч.
Еве ги постигнатите резултати во досегашните натпревари
АМАК-СП – Струмица 81:90
АМАК-СП – Струмица 83:74
Судии на мечот се : Марјан Мицевски, Тони Ангелов, Сашко Терзиевски. Делегат: Антонио Угринов.
Останатите натпревари се играат во Недела (23 март)
С. ПЕЛИСТЕР – Ф. РАБОТНИЧКИ (Битола, сала “Младост“ – 18.00 часот)
Судии: Марјан Стојовски, Александар Милојевиќ, Блашко Клинчаров.
Делегат: Среќко Хорват.
МЗТ ФОН – ФЕНИ ИНД (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 17.30 часот – МТВ пренос)
Судии: Југослав Диковски, Зоран Златевски, Петар Денковски.
Делегат: Марјан Тодоровски.
ВАРДАР О. – СОКОЛИ Скопје, СРЦ “Кале“ – 19.00 часот)
Судии: Александар Павлов, Зоран Николовски, Зоран Трајковски.
Делегат: Михаил Макрадули.