Охридскиот АМАК СП ги заврши натпреварите во првата кошаркарска лига. Во вториот натпревар во 1/4 финалето од разигрувањето за титулата МЗТ ФОН Универзитет Скопје го совлада Амак СП со 86:81, и ја доби серија со 2:0 во победи.

Штрковите го контролирале мечот во почетокот, се до полувремето кога “езерџиите“ успеале да се вратат во игра и на полувреме да се отиде со резултатски егал 42-42.

Помошникот Бошалески, кој ги водеше Охриѓани на оваа средба, на стартот  на  третиот период успеал да ги склопи коцките, и со серијата од 13-2 да стигнат до пристојна предност.

Но неискуството во ваквите натпревари повторно дојде до израз и охрѓани го прокоцкаа високото водство и во пенал завршница “металците“ стигнале до победа која значи полуфинале со Струмица.

Работнички славеше со 104:82 во Битола над Пелистер, и успеа да ја добие полуфиналната серија со 2:0.
Противник на Фершпед Работнички во полуфиналето ќе му биде Фени Индустри. Кавадарчани имаат 5 победи по ред над вицешампионот сезонава, и ја стартуваат серијата “подобар од пет“ со водство од 1:0 во победи и меч на домашен терен.

ohridnews