Комбинираа на стартот бековскиот тандем В. Стојаноски и Тасески и по само три минути игра на семафорот стоеше 13-2. Се разбудија од првичниот шок гостите и тамам фатија приклучок повторно рафал на Стојаноски кој првите 10 мин ги заврши со 14 поени (4/4 за три) и водство 24-17.
Не се смена многу сликата и во вториот период, во кој вардарци на теренот делуваа како статисти, но сега место В. Стојаноски, Џарид Фрај беше играчот кој го полнеше кошот на збунетиот противник. Го задржаа охриѓани вискиот процент, (71 %) за три (10/14) кој на полувремето им донесе комфорна предност 56-39.
Ниту советите на полувремето не смена изменаа многу нешта на теренот, а во третиот период разликата на пристојна дистанца ја одржуваa Тејлор и В. Стојаноски стигнувајќи до највискота предност на мечот +21, 78-57.
Но на место мирна завршница, невиден пад во играта “белите“ кој го користат вардарци кои излегоа од летаргијата и предводени од најискусниоте Митиќ и Блажески успеаа да ја стопат предноста и на две минути пред крајот да стигнат на -6 , 85-79.
Натпреварот влезе во интересна пенал завршница, но Охриѓани се освестија од шокот и со ладна глава и мирна рака во финишот реализира 10 пенали во серија стигнувајќи до мошне важна победа кој им осигура место во разигрувањето.
Комплетна петорка на АМАК СП предводена од В Стојаноски(32 п) го заврши мечот со двоцифрени бројки
Сала Билјанини Извори. Гледачи 1,000 Судии: Стојовски-Мицевски- Ивановски. Делегат: Марјан Тодоровски..
АМАК СП:Ѓорѓоски, Тасевски 14, Стојанов, Фрај 20, Тејлор 19, Вегов, , Стефаноски, В. Стојановски 32,Неделков 3, Николоски, О Нил 10
Вардар О.Саздов 4, Илиќ 3, Кочов 17, Совковски 11, Кралевски 5, Накич, Трифуноски, Мариќ 7, Даскаловски, Блажески 27, Митиќ 18.
На останатите натпревари
Работнички – К.Соколи 96-77
Струмица – Фени Инд (денес)
МЗТ ФОН – Пелистер (денес)