Мошне важен натпревар за Охридскиот АМАК СП вечерва (18.00) во Билјанини. На гости во Охрид доаѓа директниот конукрент за место во разигрувањето скопски Вардар О. Охригани незнаат за  пораз во втората фаза во Билјанини и се надеваат на продолжување на позитивната серија победи. Со евентален триумф над црвено – црните, охриѓани со една нога би обезбедиле пласман во разигрувањето. 1-1 е билансот во меѓусебните пресметки во првиот дел од шампионатот. Во Охрид, АМАК славеше 69-59, додека во Кале во трилер завршница беа поразени со 82-80.


На чекор дo “play- off“. KK АМАК СП

Судии на мечот се: Марјан Стојовски, Марјан Мицевски, Данчо Ивановски. Делегат: Марјан Тодоровски.

На останатите натпревари играат:

Фершпед Работнички – Карпош Соколи 2000 (Скопје, сала “Градски Парк“ – 19.00 часот),
Судии: Влатко Цветаноски, Бојан Ристовски, Зоран Трајковски. Делегат: Антонио Угринов.

2 март (недела)

Мзт Фон Универзитет Скопје – Свисслион Пелистер (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 18.00 часот),
Судии: Александар Милојевиќ, Петар Денковски, Сашко Терзиевски. Делегат: Александар Лазаревски.

Струмица 2005 – Фени Индустри (Струмица, сала “Парк“ – 17.30 часот)
Судии: Зоран Златевски, Игор Митровски, Александар Павлов. Делегат: Ѓорѓи Пиперков.