Ќе биде ли мечот на АМАК СП во салата Јане Сандански, последен во сезоната ? Многу пати досега како феникс, успеваа “езерџиите“ да се издигнат над ситуацијата и да се вратат како победници. Имаше многу такви ситуации во текот на сезоната , па зошто да не и оваа ситуација да се искорити во најдобар можен начин, и на охридската публика која беше во текот на целиот шампионат со кошаркарите да не им се даде уште едно уживање.

Сите се свесни за испуштената прилика да се отвори серијата со триумф и да се чека кикс на МЗТ. Ваква состојба може само мотивирички да делува на охриѓани кои ќе треба да го извлечат и последниот атом од својата енергија за да се изборат за мајсторка.
–    Дефинитвно требда се подобри играта во одбрана – вели Бо Тејлор. На првиот натпревар потфрливме на тоа поле и тука го загубивме мечот.Имаа доста лесни шутеви, но и за нивна среќа што шутнаа се погодија.

И покрај тоа што, Гацов не се одлучи за стриктен чувар на Тачи кој реализираше 30 поени (11-11 од линијата за слободни фрлања), сепак за очекување е дека Тејлор може да биде клучниот играч во одбранта, кој би го анулирал најрасположениот играч кај “штрковите“.

Ако Тејлор е играчот кој ќе треба да ја игра дефанзивната улога, тогаш дефинитивно офанзивните задачи легнуваат над Џарид Фрај кој има какво – такво искуство играјќи плеј-офф натпревари во америчките колеџи.
–    Свесни сме за испуштената прилика. Ќе направиме се` како победници да се вратиме од Скопје. Играњето без публика, мислам дека би требало да биде предност за нас –вели најдобриот стрелц во лигата Џарид Фрај.

Меѓусебниот скор е 1-0 за МЗТ, со евентуален триумф тие би се пласирале во полуфиналето каде ги чека тимот на Струмица. Со победа на АМАК мајсторката ќе се игра во Охрид во Петок.

Мзт Фон Универзитет Скопје – Амак Сп (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 18.00 часот)
Судии: Петар Денковски, Зоран Златевски, Марјан Стојовски.
Делегат: Владимир Макревски.

Во вториот дуел Работнички има 1-0 предност. Победникот од овај дуел ќе игра против лидерот во првенството Фени Инд.

Пелистер – Фершпед Работнички (Битола, сала “Младост“ – 18.00 часот – МТВ пренос).

Судии: Александар Милојевиќ, Марјан Мицевски, Игор Митровски.
Делегат: Ѓорѓи Пиперков.

Мирко Постоловски