Десеткуваниот Амак СП полесно од очекувањата го совлада МЗТ со 66-55 во одложениот натпревар од третото коло од кошаркарската суперлига. Охриѓани иако настапија без стандардните Дамјан Стојановски и Чубрило беа преголем залак за “штрковите“ кои никако да излезат од резултатската криза.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и со мини серии стигнаа до првата двоцифрена предност 18-8.  Откако видоа дека одбранта 2-3 не го даде посакуваниот резултат охриѓани се одлучија за “човек на човек“ игра која им овозможи брзи поени и серија 15-0, со забивањето на Фрај стигнаа на 39-20.

Бланк периодот гостите го прекинаа дури во третата минута од третито период. Фрај (18п и 14 ск) го предводеше тимот притоа постигнувајќи 12 поени колку целата гостинска екипа во овај период. Во соработка со Агоч го полнеа кошот на гостите, зголемувајќи ја предноста која во финишот на третиот период изнесуваше 61-32.

Речи си без одбрана се` играше во последниот период кој беше единствениот кој го добија гостите, кои успеаа во голема мера да го ублажат поразот.

М.Постоловски