И покрај тоа што конечниот резултат не е вистински одраз на случувањата на теренот, охриѓани во ниту еден момент не го доведоа во прашање победникот на мечот. Разликата од период во период се зголемуваше, по првиот таа изнесуваше плус девет 27-18. Расположените Фрај и Гамбирожа го полнеа кошот на гостите па по првото полувреме таа изнесуваше плус 15 (54-39)
Најдобриот период за гостите беше третиот кога се разиграа и успееа да ја спуштата разликата под десет, а со поените на О` Галахер стигнаа на минус осум (61-53). Серијата поени на Агоч ја вратија пристојната разлика по трите интервали игра (70-57).
Високата разлика домашните ја направија во последниот период кога заиграа добро во одбранaта ги лимитираа поените на гостите, а со удари од далечина ги торпедираа “зелените“ кои отакко го изгубија резултатскиот приклучок повеќе гледаа во семафорот, отколку на случувањaта на теренот. Фрај со забивање ги однесе охриѓани на плус 25 (88-63), за закоружување на победата се погрижи В.Стојаноски со тројка.
Младен Гамбирожа е играчот за кој немаа решение овчеполци во “Билјанини Извори“ Српскиот интернационалец уфрли 25 поени (5/8 за три) а придодаде уште и 7 скока. Втор натпревар во серија охридската петорка натпреварот го заврши со двоцифрен број на поени. В.Стојаноски 18, Агоч и Фрај по 15 додека Дамјан Стојаноски 10. Кај гостиете најрасположен беше О` Галахер кој натпреварот го заврши со 23 поени.