Достоинствена презентација во Европа, освоен трофеј во купот и елиминација во четвртфиналето од разигрувањето за титулата е учинокот во третата година од постоењето на охридскиот кошаркарски клуб Амак СП.
Чекор напред од претходниот беше желбата на стартот на шампионатот кога управата на клубот се одлучи да го оформи ростерот на екипата.
Два чекора беа направени во Европа, откако охриѓани се “насладија“ со Лашко, холандските Ајфелови кули сепак се покажаа превисоки
– При компонирањето на оваа екипа целта беше солидна презентација во Европа. Одигравме четири натпревари во еврокуповите на кои достинствено го претставивме Охрид, Македонија и македонската кошарка – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.
Ритамот “езерџиите“ го издржаа до крајот на годината кога новогодишните празници ги дочекаа во самиот врв на табелата.
Следуваше економската криза која со себе ја повлече резултатска криза, по која охрѓани се најдоа во слободен пад. Дојдоа натпреварите во националаниот куп. Охриѓани ја искористија предноста наречена домашен терен и со победите над МЗТ, Фени и Пелистер во финалето станаа седмата екипа која го освоила овиј трофеј, прв во историјата на клубот.
Сепак слободниот пад не застана тука, продолжи серијата порази , по која “белите“ го изгубија третото место и во пресрет на плеј – офот влегоа како четврото рангирани.
– По освојувањето на купот колата тргна низ брдо, резултатите не беа како што очекувавме, но и не кошаркарски мотиви како што беше “рецесијата“ не зафатија и нас по што се` се одрази на резултатите на клубот.
Во плеј – офот ги чекаше стариот познаник МЗТ Скопје. Серијата ја отворија со домашна победа, прва во плеј офф натпреварувањето. Не ја искористија првата меч топка на гостувањето во Скопје, по што се очекуваше работата да биде завршена во “Билјанини Извори“. Но не беше така, прв пораз од “штрковите“ во Охрид што значеше крај на сезоната. На двапати охриѓани имаа напад за победа кој не успеаа да го реализираат.
– Поразот од МЗТ е најтешкиот пораз кој го доживеав. Имавме одлична игра и голема предност, се уште не можам да се свестам од тој пораз. Очекувавме покрај трофејот во купот, пласман и во полуфиналето со што би ги исполниле зацртаните цели на стартот на сезоната. Кај нас постои задоволство од освоениот куп, но и разочарување од елиминацијата во плејофот, бидејќи очекувавме најмалку пласман во полуфиналето, вели Шапкар.
Во таборот на Амак-СП ќе направат дополнителна анализа не само на последниот меч туку и на целата сезона. Од охридскиот клуб велат дека засега е само сигурно дека и следната сезона Амак-СП ќе игра во Првата лига.
– Нема да дозволиме клубот да згасне. Амак ќе биде градски клуб. Сè уште е рано за повлекување на било какви потези, не знам што ќе биде следната сезона, но мислам дека клубот ќе се сврти кон поголема промоција на млади кошаркари – изјави Христијан Шапкар, вториот човек на Амак-СП.
Работите во Амак-СП допрва ќе се разрешуваат. Играчите и стручниот штаб сè уште се во очекување на средба со управата на клубот за тоа што понатаму како и за исплата на заостанатите плати.
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Четвртото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од 19 до 23 август 2025 година Турнирот оваа година ќе трае пет де...
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид се одигра второто коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.