Викендов продолжија натпреварите во Првата машка кошаркарска лига. Во дербито на колото Работнички го совлада Вардар О. со 83:80.
Кошаркарите на Амак СП на старот од вториот дел на првенството гостуваат на Свислион Пелистер во Битола, во натпревар кој директно одлучува за 4-та позиција која води во разигрувањето за титулата.
АМАК непосредно пред завршувањето на зимскиот преоден рок се засили со српскиот интернационалец Никола Куга и американецот Бо Тејлор, кои се очекува да дебитираат токму на натпреварот со Пелистер.
ohridnews