Победата против Фершпед Работнички ја врати насмевката на лицата на навивачите на АМАК СП, додека кај тимот самодовербата.

Наредниот противник во моментов е далеку од конкурентен и се освен лесна победа на Амак би било рамно на чудо.

– За Вардар ме врзуват убави спомени, тоа е тимот со кој во 2007 триумфирав во купот – вели Лазовски и додава јас сум професионалец и сентименталностите ќе ги оставиме на страна. Вардар во овај момент не е екипа што може да не изненади, нашиот пристап, нашата желба може да ни донесе победа. Без разлика што се на дното на табелата Вардар е екипа која е составена од младински репрезентативци и затоа ние на мечот ке му пријдеме со потполн респект- завршува Лазовски.

Натпреварот Амак Сп – Вардар се игра со почеток во 18 часот.

M.П.