Трета победа во низа за охридксиот Амак СП кој вечерва на домашен терен го совлада тимот МЗТ Фон со 83-75 (21-21, 18-19, 24-17, 20-18).


Одлучавачки фактор во победата на Амак СП беше подобрата скок игра под обрачите. Езерџиите ги предводеше: В. Стојаноски со (28п), Богоев (17п,5 асс) а солидна партија пружа и Фрај кој имаше 10 скока и 8 поени.


Кај гостите кои се држеа се до последниот период најпрецизен беше Хелд со 16 п, Станковиќ (14п,5ск).

М.П.