Давитков не е омилен и кај “ајдуците“ кои во финишот на средбата му скандираа “оди си дома“. Како можен наследник на жешката клупа на шампионот се споменува името на Александар Петровиќ, кој во првиот дел од сезоната седеше на клупата на Пелистер. За струмицачни ова би била втора рокада на нивната клупа откако сезоната ја започна актуелнито селектор Јовица Арсиќ, а на негово место седна поранешниот селектор Јорданчо Давитков.
Во колку се случи ваков развој на настаните АМАК СП по втор пат сезонава би бил “виновен“ за смена на тренерската позиција. Тимот на МЗТ Фон, по поразот од АМАК СП во Јане Сандски 96-90, тогаш му се заблагодари на услугите на Александар Тодоров, а на негово место дојде Марјан Лазовски.