Чубрило игра на позицијата четворка во досегашната кариера настапуваал во македонското првенство во редовите на Поло Трејд, а последно играл во бугарскиот шампионат. Покрај Чубрило се очекува во Охрид да пристигне уште еден српски интернационалец на проба.
Во текот на наредната недела во Охрид ќе пристигне 211 см. високиот американец Доналд Литл. По комплетирањето на ростерот Охриѓани ќе одиграат и серија пријателски натпревари. Во план се мечеви против приштинскиот Сигал, како и битолски Пелистер.
Во периодот од 20-24 Септември, АМАК СП ќе учествува на меморијалниот турнир во Кавадарци. Покрај домаќинот Фени Индустри на трунирот ќе учествуваат и Слога Краљево, како и бугарскиот Рилски Спортист.