Со завршувањето на првенствата во вторите кошаркарски лиги, Исток и Запад, се комплетираше Првата Б лига .
Во новоформираната Првата Б лига. ќе се натпреваруваат 7 екипи. Првопласираните Торус и Тетекс од Западната, Леов Ангели и Кожув од Источната лига, како и екипите кои не обезбедија пласман во Супер лигата АМАК СП , Соколи и Маврово . Според пропозициите, во новоформираната лига нема да се пренесуваат претходно постигнатите резултати. Натпреварите ке се играат по бергеров систем, 14 кола со 12 средби. Прво пласираните две екипи ќе изборат влез во Првата Космофон Лига.
Во дебитантската сезона екипата на АМАК СП извојува само 4 победи со што го освои 7-то место, недоволно за пласман во Супер лигата. Преку натпреварите во Првата Б лига, АМАК СП ќе ја бара шансата и нареднтата година да биде дел од елитата .
Мирко Постолоски