Едриличарскиот клуб АМАК СП Бофор учествуваше на Отвореното првенство на Југоисточна Европа во класата Оптимист, кое се одржа од втори до 6. мај 2007 година, на езерото Палиќ, Суботица, Република Србија. На ова Отворено првенство кое го организираше меѓународната асоцијација на класата Оптимист и Едриличарскиот сојуз на Србија, учествуваа репрезентациите на Романија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Србија, Јапонија и Македонија претставувана од нашиот клуб – АМАК СП Бофор.

Регуларноста на првенството ја пратеа судии со меѓународно искуство од Словенија, Бугарија, Јапонија, Унгарија, Србија.

Се пријавија 84 натпреварувачи од горенаведените земји, така да конкуренцијата беше многу јака бидејки настапија репрезентативните состави од другите земји. Нашите натпреварувачи ги освоија следните места:

-Димитар Поп Стефанија, во генерален пласман 36 место, а до 12 години 14 место.

-Ивана Фармакоска, во генерален пласман 57 место, а во зенска конкуренција 12 место.

-Александар Фармакоски во генерален пласман 47 место.


Едриличарски клуб
АМАК СП Бофор Охрид