Публиката беше шести играч на АМАК
Домаќинот одлично го отвори натпреварот, со тројката на Стојановски и поени на Чубрило. Следуваше уште еден проектил на Богоев за водство од 8:2 по две минути игра. Словенците брзо се адаптираа на атмосферата во „Билјанини извори“ и со одлична игра под обрачите почнаа полека да ја топат предноста на домаќинот. Во тие моменти охриѓани немаа игра за Миљковиќ(18).
гостите доминираа под обрачите
Првото водство гостите го имаа во 6-та минута 11:13. Следуваше серија на амриканецот Фрај кој со 6 поени ја врати предноста на домаќинот, кој по првата четвтина имаше водство од 23:17. Сликата многу не се промени во вториот период, се до финишот на полувремето кога расположениот Чубрило(11) ја направи третата лична грешка. Во тие моменти падна играта на Амак, кој на одмор замина со предност од 3 поени.
Шансата за евро триумф ќе се бара во Словенија
Победникот на средбата беше одлучен во третата четвртина кога гостите направија серија 15:2. Во овој период од играта охриѓани тешко доаѓаа до изгледни позиции, а промашуваа и чисти ситуации. До крајот Амак се обиде да ја анулира предноста на гостите, но во клучните моменти Костомај погоди две тројки кои ја скршија надежта на охриѓани. Тие во финишот се обидоа со удари од далечина да сторат нешто повеќе, но на крај мораа да се помират со минимален пораз.
Г.Момироски