Охридскиот Амак СП по втор пат беш поуспешен од новајлијата во лигата Овче Поле. Лесен и убедлив триумф на охриѓани (90-66).

Без капитенот Богоев во составот, домашните сакаа уште на стартот да ја решат “домашната“ работа, нешто што делимично им успеа откако по само пет минути игра се одлепија на плус 7. Но тука застанаа,  гостите предовдени од Караџов (21 п) направија пресврт и по првиот период имаа плус еден (19-20).


Се понадеваа малкуте љубители на кошарката во „Билјанини извори“ дека ќе следиме неизвесен натпревар.

Амак во вториот период одигра онака како што се очекува од нив. Цврсто во одбраната, а брзата трназиција во нападот предовдена од тандемот  Д.Стојаноски (18 п) и Чубрило (17 П) го  доби периодот со 27-6. По што повеќе од јасно беше дека бодовите ќе останат во Охрид.


Продолжи охридската машинерија да меле и во третиот период по кој стигнаа до највисоката предност плус 30, (63-33). Големата предност му овожможи на Лазоски шанса да им даде и на оние кои ја греат клупата, па така на паркетот се најдоа охриѓанецот Кузески и Стефаноски. Гоститите го искоритија овај период на игра за да ја намалат разликата на пристојни минус 15.


Во финишот на мечот сакајќи да и се заблагодарат на публиката со серија атрактивни забивања на Џарид Фрај беше ставена точка на убедливиот триумф.

М.П.