Охридскиот кошаркарски прволигаш, АМАК-СП го тестира поранешниот центар на “Свислион Пелистер”, Мирослав Петровски, кој од вчера тренира со „езерџиите“.
Дали тој ќе биде ангажиран како засилување во вториот дел од првенството ќе се знае во петок кога завршува мини преодниот рок во Првата лига.
Дотогаш Петровски ќе тренира со АМАК и ќе се обиде да му се наметне на тренерот Зоран Гацов. Петровски има само 20 години и е висок 208 сантиметри. Доколку ги задоволи вкусовите на тренерот, охридскиот прволигаш ќе добие дополнителен адут особено во скок играта.
ohridnews