Значително ослабен Охридскиот Амак СП патува во Кавадраци на дерби пресметката со Фени Индустри. Лазовски неможе да смета на триото Војдан Стојаноски, Мирослав Чубрило и Младен Гамбирожа. Стојаноски сеуште не е доволно залечен од повредата додека српското дуо преживеа сообраќајна несреќа.
– Наша обврска е да одиграме максимално, ќе биде тешко но и во отсуство на овие тројца стандарни кошаркари може да извлечеме добар резултат. Тие се фаворити но притисокот ќе биде на нивни плеќи, верувам дека ќе имаат дополнителен мотив да играат против нас поради елиминацијата во полуфиналето до купот. Без разлика на исходот на овај натпревар ништо нема да биде завршено бидејќи има уште многу да се игра. Ние ја остваривме првата цел со освујавањето на Купот а во продолжението на првенството ќе се обидиме и до титула во државниот шампионат- ни изјави Марјан Лазоски тренерот на Амак СП.