Освојувачот на купот охридскиот Амак СП беше изненаден на гостувањето во Св. Николе кај Овче Поле.

Домаќините со 90-83 го совладаа Амак нанесувајќи им го третиот пораз во супер лигата. По првиот круг од супер лигата охриѓани имаат биланс од две победи и три порази.

Во останатиот натпревар Пелистер го совлада МЗТ со 89-76.

Во наредното коло кое се игра во среда Амак во реприза од куп финалето му гостува на Пелистер во Битола.

М.П.