“Супер куп“ натпреварот помеѓу минатогодишниот куп победник Амак СП и актуелниот првак Работнички , заврши со победа на ’железничарите“ од 74-73.

Скопјани до победата ги предводеше тандемот Мираковски – Хаџибулиќ кои уфрли 25 односно 20 поени. Кај Амак најпрецизен беше Стојанов со 21 поен. Ново засилување на бековската позиција Радуловиќ постигна 18 поени.

За Амак ова е втор пораз во исто толку натпревари во новиот шампионат.

Резултати 2 коло
Амак СП – Работнички 73-74
Овче Поле – Вардар 74-80
Плејмејкер Кубус – Пелистер 75-83
В.Осигурување – Торус 88-83
Фени Инд – МЗТ Скопје 94-57