Охридскиот Амак СП го претрпе четвртиот пораз во Суперлигата втор во серија. Охриѓани во Битола беа поразени со 77-73 (19-15, 16-19, 24-24, 20-15)

Натпреварот поминал во резултатска израмнетост, а одлучувачка во победата на Пелистер била серијата 8-0 на стартот на последниот период. Битолчани до израмнување 2-2 во меѓусебните пресметки ги предводеше Хелд со 22 поени, додека двоцифрени завршија уште и Талевски 15 и Караџоски 10 п.

Кај охриѓани четворица играчи го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени Агоч и Гамбирожа постигнаа по 17, Богоев 13 и В.Стојаноски со 10 п.

В сабота во Билјани Извори Амак го пречекува Работнички.