Охридскиот Амак СП ја постигна третата победа на домашен терен откако на заостанатиот натпревар од шестото коло со 89-71 го совладаа фенерџијата Вардар.


Охриѓани сериозно ја сфатија работата па на самиот старт заиграа ангажирано решавајќи  го првиот период со плус седум (26-19) . Во ист ритам продолжија и во вториот период стигнувајќи до двоцифрена предност.


Потоа следуваше недозволено опуштање кое гостите знаеја како да го искористат, со мини серии  ја топеа предноста, а до првото водство 38 – 39 стигнаа на три минути пред полувремето. Не успеаја да го задржат водството па на одмор се замина со егал (43-43).

Долго во третиот период се играше кош за кош а во последната минута охриѓани влегоа со плус три. Следуваше “минутата“ на В. Стојаноски кој прво поентираше па во последниот напад украде една топка, по која беше фаулиран.



На оваа одлука бурно реагираше тренерот на гостите Милевски, кој доби техничка овозможувајќи му на Војдан да оди четири пати на линијата за слободни фрлања. Овај ги реализираше сите, а по топката од страна со звукот на сирената Чубрило погоди тројка за неверојатна 7-0 серија во последните пет секунди.



Не се созедоа од шокот “неискусните“ гости. На сцена стапи Фрај кој демонстрираше дел од својота широка лепеза потези доведувјаќи ги охриѓани на плус шеснаесет 76-60. Одличното трио Војдан, Дамјан Стојаноски и Фрај покажа дека знае да игра и во одбраната откако цели пет минути во последниот период гостите не постигнаа поени.



Утеха за младиот тим на Вардар пред кого претстои светла иднина беше играта на Николовски кој мечот го заврши со 25 п и 11 скока.


 М.П.