Амак СП ја прекина серијата порази и ја забаележа првата победа во новиот шампионат. Во репризата од куп финалето Амак СП го победи Пелистер со 88-80 ( 25-24, 24-23, 20-14, 19-19).

Само шест играчи кај Амак истрчаа на паркетот, а Тмушиќ и Стојковиќ ги минаа сите 40 минути на паркетот. Токму тие двајца беа најпрецизни на мечот, Стојковиќ постигна 27, додека Тмушиќ покрај 24 поени имаше и 13 скока.

Кај поразените Апцев беше најпрецизен со 21 поен.

Резултати 4 коло
Фени Индустри – Вардар 2000 101 – 85
Торус – Работнички 76-65
Вардар Осигурување – МЗТ Скопје 98-68