Во серија од два порази охридскиот Амак СП денеска го пречекува Ф. Работнички во дерби дуелот од седмото коло во Суперлигата.  Охриѓани по освојувањето на купот се соочија со серија повреди кои ги исфрлија од ритам. 


По освојувањето на купот имавме неколку пехови со повредите на играчите. Треба време повредените играчи да влезат во ритам и се надевам до стартот на плејофот ќе успееме да влеземе во стројот – вели Марјан Лазовски.

По триумфот во купот, во натпреварот со најтрофејниот македонски клуб, езерџиите ќе настапат комплетни. Чубрило се враќа во тимот, санирана е повредата на В.Стојаноски , додека Дамјан ќе игра со заштитна маска.


Натпреварот Амак Сп – Работнички започнува во 18 часот. Покрај овај во Суперлигата се играат уште натпреварите МЗТ – Фени, и О.Поле – Пелистер.

М.П.