Куп освојувачот Амак СП го претпре петтиот пораз во серија седми во суперлигата откако во арената “Билјани Извори“ беше совладан од актуелниот шампион Фени Индустри со 75-72.

Охриѓани го контролираа резултатот во првиот дел од натпреварот во кој на моменти имаа и двоцифрена предност. Шампионот се разигра во третиот период во кој успеаа да ја стопи предноста и со минимална предност влезе во последниот период.


По играта кош за кош, “езерџиите“ во последната минута влегоа со позитива 72-68, но немаа нерви во завршницата што ги чинеше пораз.

Комплетната охридска петорка натпреварот го заврши со двоцифрен број на поени, но најпрецизен на теренот беше гостинскиот кошаркар Иван Бошњак кој мечот го заврши 18 поени.

Охриѓани во последното коло од Суперлигата го пречекуваат Овче Поле додека Фени Индустри во салата Јасмин во Кавадараци ќе игра против Работнички за позицијата еден во шампионатот. 

M.П.