Во ритам среда – сабота продолжуваат натпреварите во кошаркарската супер лига. Освојувачот на купот Амак СП во последното коло претпре пораз во Св Николе, прикажувајќи една од најслабите партии сезонава.
Одигравме далеку под своите можности и сосема заслужено бевме поразени,  таков однос према настап, према натпревар не смее да ни се случи.  Имавме состанок на кој разговарав со играчите и мислам дека тоа нема да се повтори  – вели Лазовски

Охриѓани вториот круг од суперлигата го започнуваат во Битола против Пелситер. Традицијата вели дека езерџиите досега не се радувале во Битола. Првиот натпревар беше возбудлив а го добија битолчани по две продолженија.По трите одиграни натпревари охриѓани имаат 2-1 предност во меѓусебните пресметки.

Традицииите се тука да се срушат. Во Битола добро одигравме и очекувам далеку поангажирана игра од онаа против Овче Поле. Победникот од овај дуел ќе заврши на третото место, ни сме поквалитетна екипа и нашите шанси се раеални како победници да се вратиме од Битола – смета Лазовски

Во Амак се`уште не размислуваат да одберат противник во четврт финалето, туку нивна цел е да за зваршат што повисоко на табелата.

Ние не калкулирме со местата, наша желба е да се најдеме што повиоско на табелата и  да бидеме трети. Без разлика кој ќе биде шести наша цел е да влеземе во полуфинале и подготвени да се надигруваме за трофејот. Не е важно дали тое ќе биде Фени или Работнички, мора да се победат за да се освои титула – завршува Лазвоски.

За натпреварот во салата “Младост“ Лазовски ќе може да смета на повратникот Војдан Стојаноски , додека Дамјан со спецеијална маска ќе го игра мечот. Високото крило Мирослав Чубрило се уште не е залечен од сообрќајката а се очекува неделава да пристигне во Охрид.