Од вторникот Тв Морис не емитува програма во охридскиот етер. Причина за прекинот како што дознаваме се недоразбирањата помеѓу сопственикот на телевизијата, Јован Трпески и бизнисменот Венко Шапкар, сопственик на компанијата АМАК, главниот спонзор на Тв Морис.

Од АМАК ја потврдуваат информацијата, но со официјален став како што ни беше речено, компанијата ќе излезе во понеделник. Во моментов екипи работат на демонтирање на панелите од антенскиот столб на Тв Морис, а кога и од каде телевизијата ќе продолжи да емитува програма не е познато. По договорот со АМАК, телевизијата Морис минатото лето се пресели во нови простории во кругот на компанијата на бизнисменот Шапкар кој во осовременување и нова опрема за телевизијата вложи големи средства. само неколку месеци подоцна соработката АМАК-Морис е прекината.

Реорганизација и отпуштања во АМАК

Компанијата АМАК СП деновиве започна со делење отказни  решенија  на вработените. Над 100 вработени на определено  работно време досега добиле  писмени решенија за престанок на работниот однос. Дел од нив се искусни работници со над 20 години работен стаж. Портпаролот на АМАК, Љупчо Танески,  информираше дека се работи за внатрешна реорганизација која ќе трае до 1 март, кога ќе се знае и точниот број на отпуштени работници.

Точно е дека има намалување на бројот на вработени. Причина е инвестирање во осовременување на производството, за што ќе бидат вложени 600.000 евра, со цел да се зголемат финансиските ефекти и профитот од што ќе се вложува во идниот развој на компанијата, рече Танески.

Во моментов сите вработрени ВО АМАК ( околу 500) се на редишен годишен одмор, а извозот на фирмата се одвива редовно од залихите,  информираше Танески. Ставот на компанијата е декка АМАК работи успешно. Минималната плата изнесува 11.000 денари, а трендот на линеарно покачување на примањата на работниците ќе продолжи и оваа година. До средината на 2007 треба да отпочене со работа и новиот погон за изработка на автомобилски делови за „Шевролет“ кои ќе се пласираат на пазарите во САД и Европа, вели Танески.


Реорганизација во АМАК

„Точно е дека  отпуштањето на работниците има и социјален момент, но за тоа треба да се грижи државата, на која АМАК по разни основи минатата година и донесе 2,5 милиони евра“ вели Танески.

Г. Момироски