Охридскта компанија АМАК СП од денеска и официјално е нов сопственик на Радио Охрид.
Договорот за купопродажба претпладнево во Министерството за економија го потпишаа министерката за економија Вера Рафајловска и генералниот директор на АМАК-СП, Венко Шапкар.
Брендот Радио Охрид, АМАК-СП го купи за сума од 1.520.000 денари,со обврска во следните 3 години да инвестира во развојот на радиото дополнителни 16.550.000 денари.
АМАК сега располага со 55 % од капиталот на Радио Охрид,15 % има фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а 30% во удели поседуваат вработените.
ohridnews