Во Основниот суд во Охрид вчера било одложено третото рочиште од судскиот процес што меѓусебно го поведоа компанијата АМАК и телевизијата Морис.
Амак го товари Морис за неплатени фактури за долгови направени во времето кога овие две компании заеднички ја работеа Тв Морис, додека сопственикот на телевизијата исто така побарува средства од АМАК.
Поради побарувањата на АМАК, жиро сметката на Морис е блокирана, попради што на телевизијата и се заканува стечај. Сопственикот на телевизијата Јован Трпески бара да биде извршен делбен биланс за да се утврдат долговите и побарувањата на АМАК кон Тв Морис и обрaтно.
Судењето ќе продолжи на 23.11 за кога се очекуваат резултати од судското вештачење во случајот Тв. Морис.
ohridnews