Кошаркарите на АМАК СП, по убедливиот триумф од 93-59 во првото коло против „Астибо“, од првата кошаркарска лига, ќе треба да го потврдат на натпреварот кој го играат во салата „Јане Сандански“ против „Торус“.
Ракометарите на „Климент Охридски“ поради настапот на Вардар во КПК во Сараево против Босна ке бидат слободни викендов, а натпреварот од второто коло во Скопје против Вардар ќе го играат во среда.
Викендов продолжуваат натпреварите во македонските фудбалски првенства. „Фенерџијата“ во втората лига екипата на „Илинден“ на премиерниот натпревар од пролетниот дел на сезоната ќе има тешко гостување на Чаир против Слога Југомагнат. Во есенскиот дел од сезоната со голот на Матески, Илинден минимално ја совлада Слога .
Второлигашка работа викендов ќе имаат и охридските фудбалски судии. Дербито на колото во второлигашката конкуренција во Тетово помеѓу Тетекс и лидерот Милано ќе го суди Стефчо Шулески, а ќе му помагаат стружаните: Симе Грданоски и Лазе Чакарески. Четврти судија е Тоде Тикоски.
Марјан Маркоски ќе биде главен на натпреварот во Неготино помеѓу Вардар Декамел и Скопје, а ќе му помагаат Драге Неделкоски и Кирил Негриески. Четврти судија е Марјан Ецкоски.
М. Постолоски