Со дерби мечот помеѓу бранителот на трофејот и најтрофејниот клуб Фени индустри и Ф. Работнички започна втората од четирите фази во домашното првенстово.

Каварадчани се реваншираа на поразот во првото коло поразувајќи ги шпедитерите со 74:53.

До прва победа после девет кола стигна и куп освојувачот од пред две години, Вардар, кој постот го прекина совладвувајќи го МЗТ Скопје со 76:74

Рутинска победа на Пелистер во Битола над Поп спорт со 88:56.

Второпласираниот Амак СП како домаќин во Струга го совлада Торус 90:79.

ТАБЕЛА

1 Фени индустри 10 9 1 19
2 Амак СП 10 9 1 19
3 Ф. Работнички  10 8 2 18
4 С. Пелистер  10 7 3 17
5 МЗТ Скопје 10 5 5 15
6 Овче Поле 9 4 5 13
7 К. Соколи 9 3 6 12
8 Торус 10 2 8 12
9 Вардар 10 2 8 12
10 Поп спорт 10 1 9 11

Наредно коло (29.11.) С. Пелистер – Фени индустри, Поп спорт – Овче Поле, Карпош Соколи 2000 – Амак СП, Торус – Вардар, МЗТ Скопје -. Ф. Работнички.

Ohridnews