“Мечот во “Кале“ против Вардар воопшто нема да биде лесен и наивен како што изгледа“ предупредува  стратегот на Амак СП,  Марјан Лазовски. Охриѓани во првата меѓусебна пресметка натпреварот го решија во третиот период совладувајќи ги вардарци со 89-71.
 
Искуството е на наша, а младоста на нивна страна.  Натпреварот е од исклучителна важност за двете екипи. Домаќините го бркаат последниот воз за Суперлигата, додека ние мора да ја оправдаме фаворитската улога – вели Марјан Лазовски.

>>Прва мак – баскет лига 16 коло

По поразот во Охрид од првакот Фени, “езерџиите“ мора да заиграат како што се очекува од нив, поодговорно и во одбрана и во напад.  Деновиве поради повреда на грбот со поштеда тренираше високото крило Чубрило (11,5 п. 10 ск  сезонава), но се очекува да биде подготвен за мечот со Вардар.

М.Постоловски