Во рамките на последното 19 коло од Првата машка кошаркарска лига, АМАК СП денеска во Скопје му гостува на Вардар Осигурување.
Дуелот со Вардарт е последен за охрижани во регуларниот дел од првенството.
АМАК во дебитантската сезона во елитата и покрај амбициите не успеа да оствари пласман во Суперлигата, иако менаџерскиот тим најави дека поради евентуално откажување на еден од тимовите во првата шесторка од понатамошно натпреварување, постои можнот АМАК да се пласира во разигрувањето.