Едриличарите на “АМАК СП – Бофор“ настапија на две натпреварувачки регати кои  се одржаа во Србија односно Турција.

На регатата “Куп на Ѓердан “ во Долни Милановац –Србија настапија  седум натпреварувачи во две класи. Во класата “Ласер Стандард“ настапи Мошоски Славчо, а во класта “Оптимист“ Трпоски Добре, Димитриески Димитар, Манеска Емилија, Андоноска Луана, Ставреска Елена и Каневче Мартина која имаше најдобар пласамн 4-то место во женска конкуренција .
Во Истанбул,Турција на одржанта регата “Istanbul Sailing week 2007“ партиципираа двајца учесници во класата “Ласер Стандард“ Милески Љубиша кој го освои деветтото место и Пејоски Марти кој заврши како 11 –ти .

Едрличарите на АМАК СП –Бофор, продолжуваат со редовните тренинзи и интензивно се подготовуваат за престојниот Балкански шампионат, чиј домаќин оваа година е градот Кавала во Грција.

М. Постолоски