Алжирски репрезентативен лев бек е новото засилување на гладијаторитe, информираат од ГРК Охрид.

Новиот член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид е Абдерахим Будрали кој ќе го носи дресот со број 34. Има 30 години и висок е 203 сантиметри, велат од клубот.

Будрали доаѓа во Охрид од Ал Наср (Кувајт), а пред тоа неговата кариера ја градеше во тимовите Мсакен (Тунис) и Е.С. Аин Тута (Алжир).

OhridNews