Алжирскиот ракометар Џалил Абдел Мачу ќе ги решава бековските проблеми во ракометниот клуб Охрид. 22-годишниот среден и лев бек од тимот на Дубаи Интернационална играчите ќе им се приклучи следната недела откако клубот и играчот ги комплетираа потребните документи.


– Бековската позиција ни е евидентен проблем. После раскинувањето на договорот со Мите Караиванов и проблемот со визата на Иван Стојановиќ останавме со еден класичен бек Слободан Новаковиќ кој во текот на есенската полусезона добиваше мала минутажа, но во пролетната ќе добива повеќе. Се надевам дека проблемот со Стојановиќ брзо ќе се реши и тој ќе ни се приклучи од наредната недела во екипата. Управата во зимскиот преоден рок не стоеше со скрстени раце туку бараше солуција која ја најде во алжирскиот интернационалец Џалил Абдел Мачу. Неговите квалитети не ги знаеме во целост, но тој ќе дојде на проба, и ако се покажа ќе го задржиме до крајот на сезоната, а можеби и повеќе. – рече тренерот на Охрид, Горан Андоновски.


По заминувањето на Караиванов, охридскиот стратег Андоновски на бековската позиција на располагање ги има Дарко Павловиќ (десен бек) и левите/средните бекови Јосип Кежиќ, Горан Печенковски, Иван Стојановиќ и Слободан Новаковиќ, а исто така на оваа позиција може да дејствува и Валентино Белевски.

Во зимскиот преоден рок „гладијаторите“ за засилија со голманот Благојче Трајкоски, а покрај Караиванов од Охрид замина и голманот Крсте Костески.

Блок билет за плејоф мечевите на Р.К. Охрид во Супер лигата !

Кирил Колев: Историскиот успех на охридскиот ракомет да го крунисаме со излез во Европа !

Спорт за сите во Охрид !

Михаил Постоловски