Селекцијата на Алжир ја освои титулата во Африканскиот куп на Нации победувајќи ја репрезентацијата на Сенегал со минимални 1-0 (1-0) во финалето кое се одигра на стадионот во Каиро во Египет.
Одлуката за победникот во финалниот натпревар падна во втората минута кога Багдад Бунеџа ја погоди мрежата на сенегалската селекција. Алжирците со фајтерска игра во одбрана го зачуваа водството и оддолеа на сите напади од Сенегал и ја освоија втората титулата во историјата.
Бронзениот медал од Африканскиот куп на Нации му припадна на Нигерија која со тесни 1-0 славеше против Тунис.
Следното издание ка КАФ се игра за две години во Камерун.
OhridNews