Тренерот на ГРК Охрид Стевче Алушовски по првиот натпревар со Потаиса Турда од 2 коло во ЕХФ купот, синоќа во „Билјанини извори“, изрази задоволство од постигнатиот резултат. Охрид победи 31:25 и со шест гола разлика ќе отпатува на реваншот во Романија.

Ова е само прво полувреме вели Алушевски најавувајќи дека Охрид и во реваншот ќе оди да се бори и надигрува. Екипата има поголем потенцијал отколку што прикажува смета тој, изразувајќи уверување дека Охрид може и повеќе и подобро.

Стевче Алушевски верува во потенцијалот на ГРК Охрид

 

Г.М.