Ракометарите на Вардар беа блиску до победа во дуелот со Порто, но освоија само бод, откако гостите со гол во последниот напад погодија за реми (25-25). Натпреварот го одбележаа многу пресврти, падови и подеми во играта кај двете екипи. Во првиот дел Порто имаше предност од четири голови, а на крајот мечот гостите од Португалија имаа плус. Во меѓувреме Вардар доминираше и го водеше кормилото во натпреварот.

Стефче Алушовски (Вардар) – Знаевме дека не чека тежок натпревар. Мора да кажам дека Порто одигра одличен меч, добро ја простудирале нашата игра. На крајот ни недостасуваше малку среќа за победата, но можеби и Порто заслужено стигна до бодот. Нам ни недостасуваше и Дисингер во нападот кој сметам дека потфрли, додека одбраната одигра навистина одлично. Сепак, сакам да им честитам на момците кои знаеја како да се вратат и по сериозната негатива па да дојдеме до ситуација за нов триумф.

Магнус Андерсон (Порто) – Малку сум среќен затоа што дојдовме до бод во последната секунда, но и малку разочаран затоа што пропуштивме шанса да дојдеме до победа претходно кога ја имавме предноста. Имавме малку среќа во таа главна фаза од мечот, затоа што кога ќе дадеш гол во последната секунда, мора да се носиш со тоа. Ова беше еден тежок натпревар.

Марко Вујин (Вардар) – Порто одигра фер и коректно. Имавме доста проблеми во нападот, технички грешки и промашени зицери. Поделбата на бодови е најкоректен резултат ако се земе предвид дека не бевме на исто ниво претходно како со Флензбург. Порто тоа добро го искористи.

OhridNews

 

ЛШ: Во меч со многу пресврти Вардар и Порто ги поделија бодовите