– Им благодарам на моите соиграчи кои на најдобар можен начин ме испратија во пензија. Покрај нив сакам да им се заблогадарам на мојата фамилија која 21 година помина без мене во нашиот дом. Без нив немаше ни пола да постигнам од ова што сум сега – рече Алушовски.
Во репрезентативната кариера Алушовски настапи на 245 натпревари и постигна над 900 голови, а дресот на Македонија го бранеше на две Светски и Европски првенство
– Се надевам дека со моите 245 настапи дадов многу придонес за успесите на македонската репрезентација. Секогаш дресот на Македонија го носев со гордост и за мене преставуваше светост – додаде Алушовски.
Сега веќе ракометната легенда Алушовски смета дека со организација како и добри подготовки пред ЕП во Данска неговите поранешни другари од селекцијата можат да ја израдуваат македонска нација.