Ракометарите на Вардар со триумфот над бундеслигашот Фленсбург 31-26 во СРЦ „Јане Сандански“, го скршија мразот и ја запишаа првата победа во фазата по групи во Лигата на Шампиони оваа сезона. „Црвено-црните“ делуваа импресивно и заслужено стигнаа до триумф и бодови.
Стефче Алушовски (Вардар) – Честитки за нашите играчи, за навивачите кои веруваа во нас и за управата. Ова е голема победа, што ќе ни даде поттик за понатаму. Моите играчи покажаа карактер, иако не одигравме натпревар цел месец. Добро се подготвивме на тактички план. Ја анилизаравме нивната игра во одбрана, особено 5-1 и другите финеси. Сепак, нам не очекува натпревар со Порто и немаме време за славење. Сите погледи се насочени кон Порто и ќе атакуваме на триумф со кој ќе се доближиме до четвртфиналето.
Маик Макула (Фленсбург) – Честитки за Вардар за победата. Не сум задоволен од играта на моите играчи во првите 15 минути, немавме креативност за тоа што ни требаше, за што зборувавме пред натпреварот. Потоа станавме подобри и најдовме добри решенија во нападот, но не и во одбраната. Одиме дома подготвени за следниот натпревар. Имаме уште двајца играчи со повреди и тоа не е добра вест за нас, затоа ви благодарам за натпреварот.
Ловро Јотиќ (Вардар) – Ова беше тежок натпревар за нас, бидејќи немавме одиграно натпревар од Лигата на шампионите цел месец. Со нетрпение го очекуваме натпреварот со Порто. Честитки за мојот тим.
Ласе Свон (Фленсбург) – Штета за нас што не можевме да ги добиеме двата бода, беа тоа важни два бода за нас. Значи, секако дека сме разочарани, природно во самите нас што не ги направивме работите за кои зборувавме пред натпреварот. Но, покажавме многу морал и израмнивме рано во второто полувреме. После тоа беше тешко. Ќе се обидеме да се подобриме, бидејќи секој натпревар е важен за нас.
OhridNews