Полскиот ракометен гигант Киелце повторно беше поуспешен од Вардар, овој пат на домашен терен, совладувајќи го со 36-29. „Црвено црните“ рамноправен ривал беа во првите 15-тина минути кога имаа водство (5-2), преостанатите 45 минути поминаа во знакот на полските ракометари, кои како никогаш до сега доминатно стигнаа до победата.

Во првиот дел почнавме доста добро, но имавме проблем со брзата транзиција посебно во вториот дел од првото полувреме, а тим како Киелце кој во овој момент можеби е најдобриот во светот кога се говори за транзиција, знаеше како да не казни. Во вториот дел се обидовме со седум на шест, имавме и проблеми да организираме квалитетен напад. Во одбрана игравме без енергија, посебно кога бевме во ситуација еден на еден. На крајот, ова е реален резултат. – изјави тренерот на Вардар, Стефче Алушовски.

Со двете победи над Вардар, Киелце се зацврсти на врвот од табелата, додека македонскиот претставник во Лигата на Шампиони со еден триумф во пет натпревари се наоѓа на шестата позиција. До крајот на 2020 година на „црвено црните“ ги очекува дуел со Порто нагости и средба со ПСЖ на домашен терен.

OhridNews