Скопска Алумина е третиот противник на ФК Охрид во третото коло од пролетниот дел од Втората МФЛ. Во позитивна серија од два натпревари се наоѓаат фудбалерите од Карпош, кои прво триумфираа на гостувањето кај Вардар Н со 4-1, за да потоа на домашен терен го совладаат и Карорман со 1-0.

По 18 одиграни кола Алумина со 19 бода се наоѓа на 14 место.  Пет пати триумфирале, одиграле четири нерешени средби, а девет пати ги загубиле натпреварите.

На домашен терен извојувале три победи :

19 коло Алумина  Караорман 1-0
11 коло Алумина Локомотива 1-0
5 коло Алумина  Влазрими 2-0

Имаат пет порази :

16 коло Алумина  Металург 1-2
14 коло Алумина Беласица ГЦ 0-1
12 коло Алумина Тетекс 0-2
7 коло Алумина Скопје 1-5
1 коло Алумина Вардар Д.  0-2

Два натпревари завршиле без победник :

9 коло Алумина Брегалница 0-0 
3 коло Алумина Охрид  1-1

На осум гостувања имаа биланс од две победи :

18 коло Вардар Д Алумина 1-4
2 коло Караорман  Алумина 0-1

Четири порази :

17 коло  Миравци Алумина 2-0
15 коло Слога Ј Алумина 1-0
10 коло Маџари С Алумина 2-1
6 коло Турново Алумина 2-1

И две нерешени средби :

8 коло Нов Милениум Алумина 1-1
4 коло Дрита Алумина 1-1

Главен судија на мечот е Мавров Васко Асистенти :  Крстовски Сашко и  Танчева Верица. 4 судија е  Илиев Илија сите од  Струмица

Охриѓани повторно ќе бидат домаќини во Прилеп. За ФК Охрид ова е последен меч од суспензијата на Билјанини.