Со поддршка на општина Охрид, а во организација на Центарот за интегриран развој во петок со почеток во 17 часот кај  охридскиот Скејт парк  ќе се одржи голем урбан настан , „Алтернативно лето Охрид“.

Како што напоменуваат организаторите, главните компоненти на настанот се млади, музика и спорт, а целта  е збогатување на охридскиот културен живот. Уникатноста на случувањето е што преку  многубројни активности се настојува да  се промовира урбаната култура со што ќе се  придонесе кон поголема афирмација на локални артисти од алтернативната сцена.

Настанот ќе започне со скејт и БМХ натпревар. Во 21 часот ќе настапат неколку музички бендови. Предвидено е настанот да трае до 1 часот по полноќ. Ќе биде збогатен со улични артисти, жонглери, илузионисти, стенд-ап комичари. 

OhridNews