Со поддршка на општина Охрид, а во организација на Центарот за интегриран развој (ЦИРО)  денеска попладне кај охридскиот Скејт парк  ќе се одржи културно забавниот настан „Алтернативно лето Охрид“.

Организаторите велат дека главните компоненти на настанот се млади, музика и спорт, а целта е збогатување на охридскиот културен живот.

-Уникатноста на случувањето е што преку  многубројни активности се настојува да  се промовира урбаната култура со што ќе се  придонесе кон поголема афирмација на локални артисти од алтернативната сцена, информираат организаторите.

Настанот ќе започне со скејт и БМХ натпревар. Во 21 часот ќе настапат: познатиот српски бенд  „Zvezde grajma“, „Puka band brooka“, охридскиот бенд  „Bad contact“, „Rootboy selecta“,  „The author“, „Комунална хигиена“ и многу други познати музички имиња.

Настанот кој е предвиден да трае до 1 часот по полноќ  ќе биде збогатен со улични артисти, жонглери, илузионисти и стенд-ап комичари.  

OhridNews